УЕФА покрена дисциплинска постапка против тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, поради недолично однесување на реванш натпреварот против Ливерпул во четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите.

Гвардиола доби црвен картон бидејќи бурно реагираше поради одлуката да биде поништен погодокот на Сане, па на полувремето истрча на теренот и упати неколку зборови кон судијата.

Потоа Гвардиола се обиде да објасни дека не му рекол ништо непристојно, но УЕФА сепак покрена постапка наведувајќи дека ги прекршил правилата.

Претходно УЕФА покрена истрага против Ливерпул за однесувањето на неговите навивачи на првиот натпревар, кои го каменуваа автобусот со фудбалерите на Манчестер сити.

За двата случаи УЕФА ќе се одлучува на 31 мај.

Ливерпул го победи Сити во двата натпревари, со 3-0 во првиот и 1-2 во вториот дуел во Манчестер.