УЕФА го објави официјалното лого на Европското првенство во 2024 година, кое за разлика од овогодишниот европски шампионат, ќе се оддржи само во една земја, во Германија.

Логото беше презентирано вечерва и формата потсетува на „Олимпијастадионот“ во Берлин, каде што ќе се игра финалето. Формата е отсликана во шесте бои кои меѓу себе ги претставуваат сите 55 знамиња на членките на УЕФА, а во центарот е трофејот за ЕП.