Европската фудбалска унија (УЕФА) од идната година ќе го воведе системот видеопомошник-судија (ВАР), па во Мадрид се одржа вториот курс за подготовка на европските фудбалски судии (првиот беше во Холандија). На четиридневниот курс судиите со мало искуство со ВАР имаа интензивни теоретски и практични сесии за системот што првпат ќе биде употребен во куповите на УЕФА во август.

УЕФА планира постепено да го применува системот ВАР, и тоа на Европското првенство во 2020 година, во Лига Европа од сезоната 2020/2021, а потоа и на фајналфорот на идното издание на Лигата на нациите, во 2021 година.