Европската фудбалска федерација ги повикува земјите-членки да ги бојкотираат натпреварите со клубовите и екипите од Иран и Саудиска Арабија се додека тие држави не дозволат жените да одат на натпревари.

Александар Цеферин, претседател на УЕФА, ги коментираше наодите од состанокот на извршниот комитет во неговиот дом во Љубљана, објаснувајќи ја препораката 55 земји да престанат да играат натпревари против држави „кои не дозволуваат жените да влегуваат на стадиони“.

– Знаеме дека две држави не дозволуваат мажите и жените заедно да гледаат натпревари, не можеме да казниме никого, но тоа не значи дека мора да молчиме, затоа нашиот совет до 55 држави и сите клубови е да се осигураме дека нивните тимови не играат во овие земји или против тимови од овие земји каде не се почитуваат основните права на жените – рече тој.

Контроверзноста се појави околу одржувањето на италијанскиот Суперкупот во Џеда, Саудиска Арабија. Вториот инцидент се случи откако една жена во Иран се запали, а подоцна почина откако беше уапсена и обвинета за обид да влезе, преправена како маж, на натпревар на стадионот Азади во Техеран.