Фудбалската репрезентација на Македонија завчера го напушти Букурешт и се пресели во Амстердам, каде што ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Македонија во Букурешт ги одигра првите два натпревари против Австрија, односно против Украина.

„Црвено-жолтите“ на овие натпревари имаа поддршка од околу 4.000 навивачи. Романските медиуми, пишуваат дека од нивната посета на метрополата, кафеаните, кафулињата и баровите заработиле околу 450.000 евра.

Според овие извори, за четири дена, македонските навивачи испиле помеѓу 70 и 75 илјади литри пиво. Во само пет барови, во стариот дел од градот, навивачите испиле три цистерни со пиво. Капацитетот на една цистерна е околу 25.000 литри, како што тврдат романските медиуми.