Турскиот фудбалски стручњак Хајати Сојдаш е назначен за нов тренер на фудбалскиот клуб Шкупи.

Сојдаш во македонскиот прволигаш доаѓа на местото на досегашниот тренер Зекирија Рамадани, кој си поднесе оставка откако Шкупи беше елиминиран во Купот од второлигашот Кит го и по три кола во првенството нема победа.

– На последниот натпревар не одигравме толку лошо, иако загубивме на крајот од Академија Пандев. Имавме шанси за реализација, особено во второто полувреме. Клубот поминува низ тежок период на резултатски план оваа сезона. Кога еден тренер си оди, а друг доаѓа е навистина тешко да се мотивираат фудбалерите да го покажат својот квалитет, кој несомнено го поседуваат. Во иднина ќе се фокусираме од натпревар на натпревар, истакна 52-годишниот Сојдаш.

Турскиот тренер наведе дека на следниот натпревар на 2 септември, кој фудбалерите на Шкупи го играат на домашен терен против Шкендија, очекува тие да го дадат својот максимум.

Претходно, Сојдаш бил главен тренер на екипите Б.Б. Анкараспор, Анкарагучу, Санлиуфаспор и Етимесгут Беледијеспор.