ФИФА ја скрати листата за наградата „Ференц Пушкаш“. Оваа награда, ФИФА, му ај доделува на фудбалерот кој го постигнал најубавиот гол во годината што изминува.

Во конкуренција за наградата, која го носи името на најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња, останаа Луис Суарез, Хјонг Сон-мин и Јорсадо Де Араскета.

За европската јавност најмалку познат од оваа тројка е фудбалерот на Фламенго, Араскета. Тој со ножички, од речиси 16 метри, постигна гол на натпреварот Фламенго-Сеара.
Луис Суарез, во финишот на минатата сезона, додека го носеше дресот на Барселона, против Мајорка, постигна гол со пета.

Сон, на натпреварот Тотенхем-Брајтон, го претрча целиот терен, мина неколку притивнички играчи и постигна гол.