ФУДБАЛ

Челси ја почнува одбраната на европската фудбалска титула на 15 септември, со мечот дома со Зенит, во 1. коло во групата Х, во новата сезона во Лигата на шампионите. Дерби-средби на првото коло се дуелите Ливерпул – Милан во групата Б, Интер – Реал Мадрид во групата Д и Барселона – Баерн во групата Е (шесте клуба заедно имаат вкупно 40 европски титули). Во групите Б и Е се наоѓаат по три поранешни европски прваци, и тоа Порто, Ливерпул и Милан во групата Б, а Барселона, Баерн и Бенфика во групата Е.

ЛШ, ДВОЈКИ, 1. КОЛО
Група А: Манчестер с. – Лајпциг, Бриж – ПСЖ
Група Б: Атлетико М. – Порто, Ливерпул – Милан
Група Ц: Бешикташ – Борусија Д., Спортинг – Ајакс
Група Д: Шериф – Шахтер, Интер – Реал Мадрид
Група Е: Барселона – Баерн, Динамо К. – Бенфика
Група Ф: Јанг бојс – Манчестер ј., Вилјареал – Аталанта
Група Г: Севилја – Салцбург, Лил – Волфсбург
Група Х: Челси – Зенит, Малме – Јувентус
Мечевите во групите А, Б, Ц и Д се на 15 септември, а во групите Е, Ф, Г и Х на 14 септември