Речиси три децении откако 96 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени на фудбалски натпревар меѓу Нотингем Форест и Ливерпул на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд, стартува судењето на шефот на полицијата на тој меч, како и на други петмина полициски службеници.

Ова е најголема несреќа во историјата на британскиот спорт и воопшто една од најголемите трагедии во спортот воопшто.

Несреќата се случи на 15 април 1989 година на полуфиналниот натпревар на ФА купот. Англиската фудбалска асоцијација го избра неутралниот стадион „Хилсборо“ како место каде што тимовите ќе се борат за финалето. Сепак, поради надминување на капацитетот на стадионот, 96 лица загинаа, а 766 беа повредени. Тој ден, во Хилсборо, имаше повеќе од 50.000 гледачи, иако капацитетот на стадионот беше 39.000.

Одговорноста за трагедијата се препишува на на полицијата која дозволила премногу луѓе на трибините.

Обвинение е покренато против Дејвид Дакенфилд кој во тоа време беше шеф полицијата. Тој е обвинет за убиство од небрежност, додека други полициски службеници се обвинети за кршење на правилата за безбедност и непружање помош на повредените или прикривање на вистината.

По несреќата, британската влада формираше комисија која требаше да ги испита причините за несреќата. Во извештајот на лордот Тејлор од 1990 година се наведува дека причина за трагедијата е лошата полициска контрола. Сепак, беше одлучено дека нема доволно докази за да се започне истрага против надлежните полициски службеници.

Вистината за несреќата е долго време скриена, а семејствата со години се борат за почнување нова истрага. Властите ја прикриваа документацијата две децении, за во 2012 година независна истрага да покаже дека полицијата се обиде да ја скрие вистината. зс/