Фото: Игор Бансколиев

Фудбалската репрезентација на Македонија ремизираше третпат едноподруго во квалификациите за Светското првенство во Катар, овојпат против Романија 0-0 во Скопје, со што се закомпликува ситуацијата во групата Ј.

Избраниците на Благоја Милевски претходно одиграа нерешено со Ерменија 0-0 на домашен терен и со Исланд на гости 2-0, откако испуштија водство од 2-0.

Македонија, како и на претходните средби имаше иницијатива и напаѓаше, но не успеа да дојде до триумф. Елиф Елмас во првото полувреме и Енис Барди во вториот дел ги имаа најдобрите прилики за гол.

Германија, пак, ја оствари трета победа едноподруго под водство на новиот селектор Ханси Флик, совладувајќи го Исланд со 4-0 на гости, додека Ерменија ремизираше со Лихтенштајн 1-1 на домашен терен.

Германија е прва на табелата со 15 бода, пред Ерменија која има 11, Романија со 10 и Македонија со девет бода, додека Исланд има четири, а Лихтенштајн еден поен. Македонија во следниот дуел му гостува на Лихтенштајн на 8 октомври.