Нејмар (лево) на неговата роденденска забава во Париз

Новиот тренер на француски Пари Сен Жермен, Томас Тухел, посети повеќе ноќни клубови во главниот француски град, со цел да го стави под контрола забавувањето на неговите фудбалери, пренесува шпанска „Марка“.

Германскиот стратег разговараше со сопствениците на повеќе познати ноќни клубови во градот на светлината, барајќи тие да го информираат доколку некој фудбалер на ПСЖ влезе во нивните објекти, односно доколку играчите се излезени по дозволеното време.

Згора, Тухел воведе повеќе прописи, забранувајќи им на играчите јадење на тестенини по мечевите, како и консумирање на брза храна, газирани пијалаци и слатки.

„Светците“ моментно се во Сингапур, каде што ќе учествуваат на Интернационалниот шампионски куп во рамките на подготовките за претстојанта сезона, но без ѕвездите меѓу кои се Нејмар, Килијан Мбапе и Единсон Кавани, кои добија одмор по Светското првенство.

Томас Тухел воведе повеќе прописи во францускиот клуб