Поранешниот фудбалер од средниот ред на Рома и италијанската репрезентација Франческо Тоти може да стане член на австралискиот клуб АПИА Тајгерс, објавија медиумите во Австралија.

Според претставникот на Академијата на австралискиот тим кој соработува со римскиот клуб, АПИА Тајгерс ќе се обиде да го убеди пензионираниот Тоти да игра во плеј-офот од националниот шампионат.

– Клубот се обидува да направи нешто посебно. Ние веќе испративме понуда и го чекаме резултатот – вели претставникот на Академијата на австралискиот тим.

Тоти планира да го посети Сиднеј следниот месец.