Отворањето на новиот стадион на Тотенхем е одложено за 2019 година, а клубот дотогаш како домаќин ќе продолжи да игра на Вембли.

Иако отворањето на новиот стадион беше најавено за Божиќ, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го потврди одложувањето без да ја прецизира причината за тоа.

Тој само наведе дека клубот не можел да ги контролира сите непредвидени ситуации.

Според англиските медиуми причина за одложувањето е неисполнување на обврските на дел од изведувачите кои се ангажирани на објектот.