Шпанскиот фудбалер Фернандо Торес е блиску до одлуката да му се придружи на поранешниот соиграч од репрезентацијата Андрес Иниеста и кариерата да ја продолжи во Јапонија.

Торес го заврши вториот мандат во матичниот клуб Атлетико Мадрид, во кој постигна 120 голови на 347 натпревари.

Напаѓачот е блиску до договор со клубот Саган Тосу.