Марк-Андре тер Штеген

Во победата на Барселона над Хетафе во саботата, Тер Штеген беше клучен и во одбраната и во нападот, со асистенцијата за првиот гол на Суарез, а истовремено ги држеше противничките напаѓачи на дистанца

Марк-Андре тер Штеген стана еден од најимпресивните фудбалери на Барселона, откако германскиот голман речиси „сам“ освојува бодови, пишува шпанскиот спортски дневен весник „Марка“.

Тој го докажа тоа уште еднаш во победата на Барселона над Хетафе во саботата. Тер Штеген беше клучен и во одбраната и во нападот, со асистенцијата за првиот гол на Луис Суарез, а истовремено ги држеше противничките напаѓачи на дистанца.

Тренерот Ернесто Валверде знае дека може да смета на него и тој е еден од ретките играчи што имаат загарантирано почетно место во тимот. Голманските квалитети на Тер Штеген се покажаа во 20. минута од мечот, кога тој одбрани удар на Родригез во ситуација „еден на еден“. Потоа Тер Штеген запиша асистенција, прва за него, пронаоѓајќи го Суарез, овозможувајќи му на Уругваецот да истрча и да постигне погодок, со својот прв допир, пишува „Марка“.

– Досега во кариерата не сум имал асистенција. Среќен сум што направив нешто за тимот – рече Тер Штеген.