Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ги повика соиграчите на претстојното „Ел класико“ против Реал Мадрид да покажат карактер во отсуство на повредениот Лионел Меси.

Најдобриот играч на Барселона се повреди на натпреварот со Севиља и ќе отсуствува од терените три седмици.

– Ако најдобриот играч во светот не е тука, би било чудно да не се почувствува разликата. Но, мислам дека имаме карактер и индивидуален квалитет за да го надоместиме тоа на најдобриот можен начин. Знам дека имаме неверојатни играчи. Но, да не се лажеме, ова не е добра состојба и без сомнеж би сакале да биде со нас на теренот – истакна Тер Штеген.

Во моментов Барселона е на врвот на табелата со 18 поени, додека Реал се наоѓа на седмата позиција, но со само четири поени помалку.