• Фудбалот е игра во која се игра 90 минути и во која секогаш победува Германија. Македонецот: Држи ми го пивото.
  • Фудбалот е игра во која се игра 90 минути и во која секогаш победува Германија, освен ако Гранде Пандев и момците немаат други планови.
  • Да ја победиш Германија е како да си победил на Светско првенство.
  • Сите од Германија носат чоколади, ѕверовиве наши три бода ни донесоа. Браво мајстори.
  • Мој респект Македонија, несреќен пенал против нив, недосуден пенал за нив и овие момци на гости го победија четирикратниот светски првак. Капата долу.
  • Инаку една од работите за кои најмногу ми е драго е промената во менталитетот. Пред 6-7 години ќе се калкулираше со колку помалку голови да се изгуби, а сега одлучно и цврсто се оди на победа и се игра храбро. Нешто што очајно ни е потребно и во нашиот менталитет. Гордост.
  • Реакции во некои европски медиуми: квалификации за Светското првенство во 2022 година – „Бомба во Дуизбург: Македонија со 2-1 ја победи Германија“; „Незамислива победа за Македонија во Германија“; „Македонија ја приземји Германија“; „Историската победа на гости за Македонија над Германија ја шокира цела Европа“, „Неуништливиот Горан Пандев…“; „На Германците ова не им се случило 20 години. Горко разочарување“…