Менаџерката на женскиот клуб Манчестер јунајтед, Кејси Стоуни, мусе приклучи на проектот „Заедничка цел“ на фудбалерот Хуан Мата, почнат во 2017 година. Таа е првата од менаџерите во Англија што ѝ се приклучува на оваа хуманитарна акција, во која се повеќе од 60 познати фудбалски имиња и кои во следниот период ќе одвојуваат по еден процент од својата плата во хуманитарни цели. Во проектот се и Џорџо Киелини, Матс Хумелс, Каспер Шмајхел, Џулиан Нагелсман…