За освојување на „златната копачка“, на Стерлинг му требаат најмалку два гола и една асистенција, на Кејн и на Долберг по два гола и по две асистенции, а на Долберг може да му бидат доволни и два гола и една асистенција, ако не одигра вкупно повеќе од 360 минути. Во селекциите на полуфиналистите по два гола на ЕП 2020 постигнаа деветмина, а по еден 11 играчи

ФУДБАЛ – ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ НА ЕП 2020

Кристијано Роналдо и понатаму води на листата на стрелците на фудбалското Европско првенство (ЕП) 2020 со пет гола и една асистенција. На второто место на листата на стрелците засега е Патрик Шик од Чешка со пет гола (нема асистенции).
Според правилата на Европската фудбалска унија (УЕФА), ако двајца или повеќе стрелци се израмнети според головите, за раздвојување прво се смета бројот на асистенциите, потоа кој одиграл помалку минути, а ако сѐ е исто се сметаат головите постигнати во квалификациите за ЕП 2020.
Од фудбалерите што уште настапуваат на ЕП 2020, најблиску до Роналдо со по три постигнати гола се Англичаните Рахим Стерлинг (има и една асистенција) и Хари Кејн (без асистенција) и Данецот Каспер Долберг (нема асистенција).
Така, за освојување на „златната копачка“, на Стерлинг му требаат најмалку два гола и една асистенција, а на Кејн и на Долберг по два гола и по две асистенции. На Долберг може да му бидат доволни и два гола и една асистенција, ако не одигра вкупно повеќе од 360 минути, колку што одигра Роналдо (Долберг досега на ЕП 2020 одигра 158 минути). Секако, во игра за наградата се и другите фудбалери на полуфиналистите, по пет меча по два гола на ЕП 2020 постигнаа деветмина, а по еден 11 играчи.
Во првото полуфинале вечерва играат Италија и Шпанија, а утре се среќаваат Англија и Данска.


НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ НА ЕП 2020

ФУДБАЛЕР ГОЛ. АС. МИН.
Кристијано Роналдо 5 1 360
Патрик Шик 5 0 404
ПО ТРИ ГОЛА МЕЃУ ПОЛУФИНАЛИСТИТЕ
Рахим Стерлинг 3 1 401
Каспер Долберг 3 0 158
Хари Кејн 3 0 409

Извор: УЕФА