Фудбалерите на Бразил ремизираа вечерва со Швајцарија, играјќи 1:1, со што се погрижија за уште едно големо изненадување.

Бразил поведе со прекрасен гол на Фелипе Кутињо, кој во 20 минута стрелаше прецизно од 20-сеттина метри.

Потоа фудбалерите на Бразил го намалија темпото, како да се задоволија со резултатот.

Но казната стигна на почетокот на второто полувреме, кога по корнер на Швајцарија, кога Стивен Зубер се најде на неколку метри пред бразилскиот гол, со мало туркање се избори за простор крај Миранда и со глава биеше прецизно под гредата.

До крајот на натпреварот Бразилците се обидоа да дојдат до победа, но безуспешно.

Следен противник на Бразил е Костарика, додека Швајцарија ќе игра против Србија.