ФУДБАЛ – СПОРЕД ЦИЕС
Сити и Јунајтед имаат највредни тимови, над две милијарди евра

Според најновата студија на фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС) во Швајцарија, меѓу 98 тима во петте најдобри лиги во Европа, во Англија, Шпанија, Германија, Италија во Франција, највредни се двата тима од Манчестер, Сити и Јунајтед.
Процената е дека актуелниот првак на Англија, Манчестер сити, го има највредниот состав во Европа, 1,28 милијарда евра, со што за малку ја надминува вредноста на тимот на Манчестер јунајтед од 1,214 милијарда евра. Европскиот првак Челси е на третото место на оваа листа, зад клубовите од Манчестер, според моментната вредност на тимот од 946 милиони евра, но е пред Барселона (896 милиони евра), Баерн (890 милиони) и Ливерпул (868 милиони евра). Потоа, до 10-та позиција следуваат Реал Мадрид (846 милиони евра), ПСЖ (808 милиони), Борусија Дортмунд (687 милиони) и Атлетико (662 милиони евра).
Според ЦИЕС, вредноста на екипите од англиската Премиер-лига заедно изнесува 8,93 милијарди евра, значително повеќе од оние во шпанската Ла лига (5,3 милијарди евра), во германската Бундес-лига (4,5 милијарди), во италијанската Серија А (4,4 милијарди) и во француската Лига 1 (3,4 милијарди евра). Л.Д.


ФУДБАЛ

Германија го претстави логото за ЕП 2024

Германија го претстави логото за Европското првенство (ЕП) во фудбал во 2024 година на пригодната церемонија на Олимпискиот стадион во Берлин. На логото се наоѓа пехарот „Анри Делоне“, поставен на овална слика што личи на покривот на Олимпискиот стадион. На него има бои од знамињата на 55-те земји-членки на Европската фудбалска унија, поставени на 24 парчиња околу трофејот, кои ги претставуваат 24-те селекции што ќе се пласираат на турнирот. Слоганот на турнирот е „Обединети од фудбалот. Обединети во срцето на Европа“, порака за заедништво и вклученост. На церемонијата беа претставени и логоата на градовите домаќини, Берлин, Келн, Дортмунд, Диселдорф, Франкфурт, Гелзенкирхен, Хамбург, Лајпциг, Минхен и Штутгарт. Л.Д.