По трагичната автобуска несреќа која се случи синоќа на патот Скопје – Тетово и во која има загинати и настрадани лица од Гостивар, спортските клубови изразија сочувство до семејствата на загинатите.

Клубовите се огласија преку своите официјални страници на социјалните мрежи со сочувство за загинатите и желби за побрзо закрепнување на повредените.