Гигантот за статистика „Опта“ ја предвидува конечната табела за сезоната 2019/2020 во Премиер-лигата, користејќи голем број различни методи, меѓу кои се и резултатите во последните четири сезони, иако последните натпревари имаат предност, потоа предвид биле земени и квалитетот на противничките тимови, распоредот на мечевите…

Фудбалот во Англија ќе мирува најмалку уште неколку недели и допрва ќе треба да се утврди датумот за продолжување на сезоната, со оглед на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот. Но во меѓувреме, гигантот за статистика „Опта“ ја предвидува конечната табела за сезоната 2019/2020 во Премиер-лигата, користејќи голем број различни методи, меѓу кои се и резултатите во последните четири сезони, за да се утврди формата на тимот, иако последните натпревари имаат предност.

Биле земени предвид и квалитетот на противничките тимови, распоредот на мечевите, како и противниците со кои се соочува секој тим. Конечната симулација била направена неверојатни 10.000 пати, за да се обезбеди што поголема точност. Завршната табела на „Опта“ покажува дека лидерот Ливерпул би ја освоил титулата со рекордни 101 поен, еден повеќе од Манчестер сити во сезоната 2017/2018, кој сезонава би заостанал за 21 поен. Манчестер сити би бил на втората позиција, а Лестер и Челси би биле меѓу најдобрите четири тима што ќе обезбедат пласман во Лигата на шампионите (ЛШ), пред Манчестер јунајтед, кој, според „Опта“, би бил петти.

На дното на табелата, трите последнопласирани тима што би се вратиле во понизок ранг, во Чемпионшип, според „Опта“, би биле Норич, Астон Вила и Борнмут.