Фото: Игор Бансколиев

На вечерашниот натпревар против Летонија, кој се одржа во арената „Филип Втори“, македонската репрезентација го надигра својот противник со 3:1.

Стрелец на првиот погодокот во 11 минута беше Џани Алиоски кој ја искористи асистенцијата на капитенот Горан Пандев, вториот гол го постигна Елиф Елмас, по што Македонија со водство од 2:0 го заврши првото полувреме.

Во второто полувреме во 87 минута Летонија успева да постигне погодок, но само три минути подоцна 19-годишниот Елмас успева да го даде својот втор гол вечерва, со што Македонија ја совлада Летонија со 3:1.

После првиот натпревар за квалификациите за Европското првенство (ЕП) 2020, Македонија ѝ гостува на Словенија во Љубљана, на 24 март.

Фото: Игор Бансколиев

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев вечерва го одигра јубилејниот, 100-ти натпревар во црвено-жолтиот дрес, непосредно пред мечот доби признание и подарок за својот јубилеен настап во националниот дрес од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Европската куќа на фудбалот (УЕФА).

Фото: Игор Бансколиев

На својот јубилеј Пандев не успеа да се запише во листата на стрелци.

Фото: Игор Бансколиев

Македонија е во квалификациската група Г, заедно со Полска, Австрија, Израел, Летонија и со Словенија.

Фото: Игор Бансколиев