Натпреварувачката рамнотежа, обемот на работа на фудбалерите и професионализацијата на фудбалот за жени биле меѓу темите на состанокот во Монако на Стручниот совет за фудбалска стратегија, објави УЕФА. На состанокот биле презентирани порастот и распределбата на приходите во членките на УЕФА. ФИФ-про, пак, ја презентирал студијата за влијанието на количеството, интензитетот и зачестеноста на мечевите врз здравјето и врз спортските перформанси, а се разговарало и за реформа на системот за трансфери.