Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер е задоволен од досега постигнатото со Манчестер јунајтед и рече дека останува отворен за соработка и по завршување на сезоната.

– Мојата работа тука е наменета за петте преостанати месеци. Ова е план во моментот. Според сегашниот договор завршувам кон крајот на мај или почетокот на јуни. Мојата задача е да се влијае врз играчите за подобрување на резултатите. Сакам играчите да се движат во вистинската насока со мене. Ако после една или две години овие фудбалери освојат трофеи, ќе се чувствувам како дел од тоа, без разлика дали и понатаму ќе бидам на истата позиција. Се разбира, јас сум амбициозен. Но, како што му реков на директорот Ед Вудворд, јас сум подготвен за продолжување на соработката – изјави Солскјер.

Претходно беше објавено дека норвешкиот тренер по завршувањето на сезоната ќе се врати на работа во татковината во клубот Молде.