Еден од најдобрите светски напаѓачи Роберт Левандовски, во кариерата има можност да работи со Јирген Клоп и со Пеп Гвардиола.

Полјакот во Борусија Дортмунд во 2010 година го донесе токму Клоп, а подоцна тој беше во Баерн кога Баварците го ангажираа Гвардиола. Поради тоа Левандовски смета дека совршен тренер треба да биде комбинација на Клоп и Гвардиола.

– Кога бев во Дортмунд со Клоп се обложив дека ќе ми дава по 50 евра ако на тренинг постигнам 10 гола. На првиот постигнав три или четири. Потоа седум или осум. Три месеци подоцна можев на секој тренинг да постигнам по десет гола. Клоп ми кажа дека тоа е премногу за него и дека не сака повеќе да учествува во играта. Клоп ми помогна да се сменам, да напредувам. Тој е неверојатен. Мора да верувате во се што зборува – рекол полскиот напаѓач.

Тој признава дека целосно созреал како фудбалер кога ја започнал соработката со Гвардиола.

– Многу научив и од него. Често разговаравме за тактиката, тоа за мене беше нешто ново. Знаев дека тоа ќе биде добро за мене. Тие двајца многу се разликуваат. Со нивна комбинација би добиле совршенство – заклучил Левандовски.

Роберт Левандовски оваа сезона на 32 натпревари постигна 38 голови.