Ријад Марез(27) и официјално е нов член на Манчестер Сити и тој е првото засилување за англискиот шампион во летниот преоден рок.

Висината на трансферот на Марез од Лестер во Сити е 60 милиони евра, 10 повеќе од сумата која не беше доволна за овој трансфер да се реализира во јануарскиот рок.

Алжирецот со „граѓаните“ потпиша петгодишен договор.

Марез во Лестер беше од 2014 година и заедно со Варди беа најзаслужните за шампионскиот трофеј од Премиер лигата освоен во сезоната 2015/16.