Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне ќе го води тимот во реванш-дуелот од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Јувентус идниот вторник.

Аргентинецот беше казнет од УЕФА со 20 илјади евра поради непристојниот гест кон трибините за време на првиот дуел со италијанскиот првак. Казната е само финансиска и нема да го спречи да дава инструкции на своите играчи за време на состанокот.

Гестот на Чоло не беше запишан во судскиот извештај, но подоцна од УЕФА одлучија да го испитаат случајот. Симеоне се извини за потегот неколку часа подоцна, во обид да ја „омекне“ европската централа, велејќи дека гестот не бил насочен кон никого.

Атлетико победи со 2:0 на првата средба, а реваншот е на 12 март.