Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели статус посветен на своите фудбалери, но и на македонскиот народ.

– Овие херои се изборија за почитта на секој граѓанин на Македонија денес да се чувствува гордо. Денес цел свет ќе застене во чест на македонската химна. Вие сте моите херои и оваа бајка ќе ја паметам до крајот на мојот живот. Благодарам на целиот наш народ без разлика на вера и нација за поддршката. Дечки, Ви благодарам и Ве сакам, одиме по историја – напиша популарниот „Мрме“ на Инстаграм.