Во Пари Сен Жермен се вознемирени што двете најголеми фудбалски ѕвезди на тимот, Нејмар и Килијан Мбапе се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Сопственикот на клубот, Насер Ал-Келафи призна дека се плаши од потенцијални трансфери, но нема да толерира можни преговори „зад сцената“ со европските шампиони за двајцата најдобри играчи на „светците“.

– Не е поволна ситуација и ние разговаравме за тоа со Реал. Ниту еден клуб не треба да зборува за нашите играчи, тоа дава слика дека работата се одвива „зад сцената“ и тоа не вознемирува, изјави Ал-Келафи за шпанска „Марка“.

Бизнисменот од Катар вели дека има голема почит кон Реал Мадрид, предводен од претседателот Флорентино Перез и верува дека тоа е взаемно.

– Ние сакаме такво разбирање од сите клубови, не само од Реал. Важно е да има дијалог и несоодветни тактики да не се користат – додаде тој.

Според шпанските медиуми, кралскиот клуб за трансфери во јануари подготвил дури 370 милиони, а Нејмар и Мбапе се на врвот на листата на желби.