Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, не се ракуваше со колегата од Манчестер Сити, Јозеп Гвардиола, по поразот во натпреварот од англиската Премиер лига.

Шпанецот тргна кон Сари на поздравување како што е вообичаено по завршувањето на натпреварите, но италијанскиот стручњак не се ни сврти кон него и си замина во соблекуваните.

Челзи вечерва загуби од Манчестер сити со 6:0 што е негов највисок пораз уште од април 1991 година. Тогаш сините загубија од Нотингем форест со 7:0.