По шест години и одиграни 36 натпревари, фудбалската репрезентација на Сан Марино конечно успеа да освои еден бод во официјалните натпреварувања. Во натпревар во рамките на втората сезона на Лигата на нациите (ЛН) на Европската фудбалска унија (УЕФА) селекцијата на Сан Марино одигра без голови на гости кај Лихтенштајн.
За репрезентацијата на Сан Марино тоа беше прв натпревар на гостувањата во 30-годишната фудбалска историја на која не примиле гол, објави „Би-би-си“.
Претходно, во 2014 година Сан Марино освои еден бод на гостински натпревар, играјќи против селекцијата на Естонија, 1-1, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2016 година во Франција. Претходно, во 2001 година, Сан Марино ремизира на гостувањето против Летонија, 1-1, во квалификациите за Светското првенство во 2002 година во Јужна Кореја и Јапонија.
Ефектот на репрезентацијата на Сан Марино е една победа (против Лихтенштајн, 1-0, во пријателски натпревар, во 2004 година), четири ремија и 162 порази.