Ваквиот успех прв го заокружи италијанскиот Јувентус, во 1985 година со првата европска титула, откако претходно славеше во другите два европски купа

Англискиот премиерлигаш Тотенхем досега не бил европски фудбалски првак, но затоа има триумфи во другите два европски купа. Тој клуб победи во Купот на УЕФА (сега Лига Европа) во 1972 и во 1984 година и во укинатиот Куп на победниците на куповите, во 1963 година (КПК). Тотенхем, покрај трката за европската круна, сезонава ќе игра и за влез во елитното друштво на тимовите што ги освоиле сите можни европски купови.

Ваквиот успех прв го заокружи италијанскиот Јувентус, во 1985 година со првата европска титула, откако претходно славеше во другите два европски купа. Потоа на листата во 1992 година се запиша холандскиот Ајакс (со триумф во Купот на УЕФА). Четири години подоцна хет-трикот трофеи го заокружи германскиот Баерн, со победата во Купот на УЕФА. Челси славеше во Лига Европа во 2013 година, а Манчестер јунајтед во 2017-та, за влез на двата англиски тима на оваа листа откако претходно во витрините ги имаа другите два европски трофеи.

Од актуелните осминафиналисти само Тотенхем сезонава може да стане член на ова необично друштво на клубови. Ливерпул и Порто немаат триумф во КПК. Манчестер сити треба да ги освои ЛШ, а потоа и ЛЕ. На шпанската Барселона ѝ недостига ЛЕ (има три трофеи во Купот на саемски градови, кој е предвесник на Купот на УЕФА, кој сега се вика Лига Европа). Ајакс, Јувентус и Манчестер јунајтед веќе ги освоија сите три купа.