Рускиот фудбалски сојуз поднесе барање да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) во сезоната 2020/2021 во Санкт Петербург, соопшти генералниот директор на РФС, Александар Алаев.

Одлуката за местото на одржување на овој натпревар ќе се донесе на заседание на Извршниот комитет на УЕФА, во мај или јуни годинава.

По успешното Светско првенство во 2018 година, Русија сака да организира уште еден престижен натпревар.