Вејн Руни зборуваше за разделбата на менаџерот Жозе Мурињо со Манчестер Јунајтед. Поранешниот напаѓач на „црвените ѓаволи“ е сигурен дека сите во 20-кратниот шампион на Англија не биле задоволни од однесувањето на португалскиот стручњак за време на неговата работа на „Олд Трафорд“.

– Сигурен сум дека Ед Вудворд не бил задоволен од работата на Мурињо. Истото важи и за остатокот од персоналот. Готвачките на тимот, исто така не работеа со желба. Успеси се постигнуваат кога луѓето се среќни и односите меѓу нив се коректни. Можам да видам дека играчите повторно се смеат, што е добро за клубот. Раководството направи добар потег со назначувањето на Оле Гунар Солскјер. Ќе биде возбудливо да видиме што ќе направат фудбалерите под негово раководство -изјави Руни пред „БТ Спорт“.

Поранешниот англиски репрезентативец си замина од Јунајтед во 2017 година.