Јувентус ја совлада Специја со 3-0, во 24-то коло во фудбалската Серија А, а Кристијано Роналдо на 600-от првенствен натпревар во кариерата, го постигна третиот гол на мечот, за него 20-ти сезонава. Со тоа тој стана единствениот фудбалер што постигнал најмалку 20 гола во секоја од претходните 12 сезони во петте најдобри европски лиги (Англија, Германија, Франција, Шпанија и Италија). Серијата на Роналдо почна во првата сезона за него во Реал Мадрид каде што постигнуваше 25 и повеќе голови во текот на деветте сезони. Тој трипати ја помина и границата од 40 погодоци. По преселбата во Јувентус, Роналдо продолжи да постигнува голови, постигнувајќи 52 во првите две сезони. Јувентус, кој ја брани шампионската титула, моментно е трет на табелата со 49 бода, седум помалку од лидерот Интер и три помалку од второпласираниот Милан.