Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо нема да присуствува на церемонијата на доделување на „Златната топка“ за 2018 година, соопштуваат медиумите на Апенините.

Според информации на „Скај Италија“ причината за отсуството на Португалецот од церемонијата во Париз на 3 декември е неговиот пласман.

Тој е втор, а неговиот поранешен соиграч во Реал Мадрид, Лука Модриќ е победник. Третиот во пласманот е францускиот напаѓач на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман. Тој, исто така, не е сигурен дали ќе присуствува на церемонијата.

Ако информацијата се потврди, тогаш Модриќ ќе стане првиот победник од 2007 година, различен од Кристијано Роналдо и Лионел Меси, кои за овој период освоија по пет награди. Роналдо е добитник на „Златната топка“ за 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година.