Италијанските и португалските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо утре ќе пристигне во Италија пред очекуваното враќање на тренинзи во италијанскиот фудбал.

Роналдо замина дома во Португалија по мозочниот удар кој го имаше неговата мајка, и карантинот поради коронавирусот го минуваше на родниот остров Мадеира, привлекувајќи критики во дел од италијанската јавност.

Јувентус веќе ги повика фудбалерите кои беа надвор од Италија да се вратат во земјата, бидејќи пред било какви тренинзи потребно е да поминат две недели во изолација. Уште е неизвесно дали Гонзало Игуаин ќе се врати од Аргентина, каде што е со својата мајка, која е болна од рак.