Кристијано Роналдо стана најдобриот стрелец во историјата на европските првенства со двата гола постигнати во победата на актуелниот европски првак Португалија над Унгарија од 3-0, во денешниот меч од групата Ф одигран во Будимпешта.

Роналдо беше стрелец во 87-та минута и во судиското надополнување на мечот, откако Рафаел Гереро го отвори резултатот во 84-та минута.

Ова беа 10-от и 11-от гол на континенталните шампионати за Роналдо, со што го надмина легендарниот француски фудбалер Мишел Платини кој постигна вкупно девет гола.

Роналдо го игра рекордното петто ЕП, и сега има вкупно 106 погодоци во дресот на Португалија.

Во тек е вториот дуел од групата Ф помеѓу Франција и Германија.