Кристијано Роналдо по девет години минати во Реал Мадрид преминува во Јувентус во трансфер вреден 105 милиони евра.

Роналдо по официјализирањето на трансферот објави проштално писмо.

– Годините поминати во Реал и Мадрид се веројатно најсреќниот период во мојот живот. Сакам да му се заблагодарам на клуб и целиот град за љубовта и вниманието кое ми го пружија. Меѓутоа, дојде време за ново поглавје во мојот живот и затоа побарав од клубот да го прифати моето барање за трансфер. Ги молам сите да имаат разбирање за мојот потег. Поминав девет посебни години овде, но истовремено и тешки, бидејќи барањата на Реал секогаш се максимални- наведува Роналдо.

Тој во писмото им се обраќа и на соиграчите од мадридскиот клуб.

– Имав врвни соиграчи, а атмосферата на теренот и во соблекувалната беше одлична. Заедно освоивме четири титули во Лигата на шампионите. Благодарение на нив четири пати бев најдобар играч во светот, а трипати најдобар стрелец- потенцира фудбалерот.

Роналдо дојде во Реал во 2009 година од Манчестер Јунајтед.

– Реал Мадрид секогаш ќе остане во моето срце и сакам да им се заблагодарам на сите во клубот – претседателот, директорот, соиграчите, тренерите, лекарите, физиотерапевтите и на сите останати соработници. Сакам да им се заблагодарам на навивачите и воопшто на шпанскиот фудбал. Го напуштам Реал, но овој дрес и овој стадион секогаш ќе ги сметам за свои- стои во писмото на Роналдо.

Тој е најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 451 гол на 438 натпревари.