Лионел Меси синоќа во Милано ја доби наградата за најдобар играч во светот. За оваа награда гласаат селекторите и капитените на националните тимови, односно новинари и навивачи.

Во конкуренција за наградата покрај Меси беа и Вирџил ван Дајк, односно Кристијано Роналдо.

Интересно е како гласале најдобрите тројца во светот. Меси му даде поени на Роналдо, но не доби гласови за возврат од неговиот ривал.

Лауреатот Меси гласал за Садио Мане, Кристијано Роналдо и Френки Де Јонг. Ван Дајк гласал најпрвин за Меси, а потоа за соиграчите Салах и Мане.

Затоа пак изборот на капитенот на Португалија, Роналдо е сосем различен од другите на прво место го ставил соиграчот Маријас Де Лихт, а зад него Де Јонг и Килијан Мбапе.