Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во саботата го постигна петтиот гол за Јувентус, а со уште шест гола сезонава може да избие на третото место на најдобрите стрелци во прволигашка конкуренција во Европа. Тој сега има вкупно 403 гола (три за Спортинг, 84 за Манчестер јунајтед, 311 за Реал Мадрид и пет за Јувентус) и е на петтото место на вечната листа на стрелци.

Пред Роналдо сега се Германецот Уве Зелер со 406 гола (404 за Хабургер и два за ирскиот Корк во периодот од 1954 до 1978 година) и Шкотланѓанецот Џими Мекгори со 408 прволигашки погодока (395 за Селтик и 13 за Клајдбанк, во периодот од 1922 до 1937 година).

На оваа листа далеку напред се Унгарецот Ференц Пушкаш со 514 гола (358 за Хонвед и 156 за Реал Мадрид, од 1943 до 1966 година) и Чехот Јозеф Бицан со 517 погодока (52 за Рапид, 18 за Адмира, 395 за Славија, 30 за Витковице и 22 за Динамо Прага од 1931 до 1955 година).
Роналдо со голот во саботата стигна до 400 гола ако се сметаат само настапите во најсилните пет првенства во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија) и сега пред него е само Зелер, со еден гол повеќе.