Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо донирал 1,5 милиони долари за помош на луѓето од појасот Газа кои постат за време на рамазан, објавија повеќе арапски медиуми.

ЦР7 решил да ја даде сумата за Газа поради неговата длабока поврзаност со палестинската кауза, откако и во минатото зборуваше за страдањето на Палестинците. Во 2012 година тој ја продаде својата златна копачка за 1,5 милиони долари, кои потоа ги донираше за обновување на училиштата во Газа. Покрај тоа, тој одби да си смени дрес со израелските фудбалери по квалификациски меч за Светското првенство помеѓу Израел и Португалија.

Роналдо секогаш бил великодушен кога се работи за донациите, давајќи големи суми на фондацијата „Направи желба“ и за Црвениот крст, а беше амбасадор и на УНИЦЕФ и „Ворлд вижн“.