Кристијано Роналдо успешно ги минал медицинските прегледи и ги договорил условите за двегодишен договор со Манчестер јунајтед. Медицинските прегледи биле извршени во Португалија. Роналдо на новите соиграчи ќе им се приклучи за две недели, односно по репрезентативната пауза.

Манчестер јунајтед за услугите на Роналдо на Јувентус ќе му плати 15 милиони евра. Јувентус, преку бонусите ќе може да инкасира дополнителни осум милиони евра.

Кристијано Роналдо одигра 292 натпревари на кои постигна 118 голови за Манчестер јунајтед во периодот од 2003 до 2009 година.

Со „црвените ѓаволи“ три пати ја освои англиската Премиер-лигата, два пати Лига купот, а по еднаш Лигата на шампионите, Комјунити шилд и клупското Светско првенство.