Фудбалскиот клуб Рома, објави дека нето, финансискиот долг, изнесува 265,6 милиони евра. Долгот на клубот, заклучно со 31.декември 2020 година изнесуваше 253,4 милиони евра.

Рома, успеле да го намалат долгот од јуни 2020 година. Во тој период клубот должел 300 милиони евра.

Во август минатата година, по седум години Џејмс Палота ја напушти Рома, а нов сопственик стана Фридкин групацијата.

Римјаните оваа сезона дојдоа до полу-финалето на Лига Европа. За овој пласман од УЕФА ќе добијат 15 милиони евра.

Она што треба да ги загрижува сопственицте е можноста Рома да остане без пласман во европските купови во наредната сезона.