Фудбалските репрезентации на Романија, Франција, Германија и на Шпанија ќе играат на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио в година. Тие четири селекции се пласираа во полуфиналето на Европското првенство за фудбалери до 21 година и со тоа си обезбедија олимписка виза. Од другите селекции сигурно место има само уште домаќинот Јапонија, а квалификациските турнири од другите континенти треба да се играат годинава.

За Романија тоа ќе биде прв настап на ЛОИ по тој во 1964 година, Франција се враќа на олимписката сцена по 24 години (претходно, во 1984 година го освои златниот медал), Шпанија играше на ЛОИ 2012, а Германија го освои сребрениот медал на ЛОИ 2016.

Титулата на ЛОИ 2016 ја освои Бразил. Право на настап за олимписките репрезентации имаат фудбалери до 23 години, а секоја репрезентација може да пријави и тројца постари играчи. На фудбалскиот турнир на ЛОИ настапуваат по 12 репрезентации.