Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми со Динамо Загреб го завршија учеството во фудбалската Лига Европа (ЛЕ), откако беа елиминирани од Вилјареaл по поразот од 1-2 на гости во вечерашниот реванш од четврт-финалето (вкупни 1-3 во двомечот).

Ристовски беше на теренот до 62-та минута, а Адеми одигра 82 минути, пред да бидат заменети. Мислав Оршиќ ја продолжи својата голгетерска низа во ЛЕ, каде што ги постигна последните пет погодоци на хрватскиот првак, но тоа не беше доволно за ново изненадување.

Вилјареал во полуфиналето ќе се сретне со Арсенал кој вечерва ја совлада Славија Прага со 4-0 на гости (вкупни 5-1), додека во второто полуфинале ќе играат Рома и Манчестер јунајтед. Рома помина понатаму против Ајакс, откако ремизира 1-1 во Рим (вкупни 3-2), додека Манчестер беше сигурен против Гранада, забележувајќи нова победа од 2-0 (вкупни 4-0). Полуфиналните мечеви се закажани за 29 април и за 4 мај.