Наполи вечерва го игра клучниот меч во фудбалската ЛШ (група Е) на гости кај актуелниот европски првак, Ливерпул, но тој меч е во сенка на превирањата во клубот. На Наполи за сигурен пласман во осминафиналето му треба еден бод.

Внимание привлекуваат мечевите во групата Ф, Барселона – Борусија Д. и Славија – Интер. Барса (осум бода) и Борусија (седум) се поблиску до пласман во следната фаза, но своја математика имаат и Славија (два) и Интер (четири бода). Во групата Х, по седум бода имаат Валенсија, Челси (играат меѓу себе) и Ајакс (гостува кај Лил) и се со речиси еднакви шанси за пласман во осминафиналето.