Фудбалерот на Арсенал Арон Ремзи потпиша договор со Јувентус, објавија дел од италијанските медиуми.

Трансферот ќе се случи по завршувањето на тековната сезона. Ремзи веќе ги помина лекарските преглед во приватна клиника во Мадрид, а потоа потпиша долгорочен договор со италијанскиот шампион кој ќе стапи на сила во текот на летото.

Претходно беше објавено дека 28-годишниот Велшанец ќе добие осум милиони евра годишна плата. Така, Ремзи ќе стане најплатениот фудбалер во Јувентус по Кристијано Роналдо.

Во тековната сезона, Ремзи одигра 24 натпревари за Арсенал, постигна три гола и оствари 6 асистенции.